БРЗ КРЕДИТ ПРЕКУ КАПИТАЛ БАНКА

ДОСТАВА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА

12 МЕСЕЦИ СЕРВИС

Добредојдовте на веб-страната на Еми Компани.

Се надеваме дека е, или ќе стане место кое секојдневно ќе го посетувате и каде ќе ги најдете сите потребни производи и информации.

Ние пак, ќе се потрудиме преку постојаното ажурирање со нови производи, акции и содржини да го оправдаме времето кое ни го посветувате.
Срдечен поздрав,

Ваш Еми Компани

За оние кои сакаат малку повеќе да нé запознаат…

Историјат

ЕмиКомпани е бренд име на компанијата ДОО Еми Компани Охрид, основана во 2007 година, која во 2017 година станува официјален дистрибутер на за Македонија и претставува водечка малопродажна мрежа на мотори и опрема на оваа територија. Еми Компани е овластен дистрибутер и на други светски познати брендови како што се: Italjer, Aprilia, Lifan, Garelli, Sunra, Baotian, Jonway, Viper.

Компанијата е дел од бизнис кој постојано се менува и каде секојдневно има некој новитет, некој понапреден модел. Сето тоа се причини поради кои Компанијата постојано го следи наметнатото брзо темпо и е во чекор со потребите на клиентите. Постојано се инвестира во вработените, во нивниот професионален развој низ постојани обуки, а потоа и во нивната исполнетост на работното место. Работната атмосфера и инвестирањето во надградбата на вработените придонесува и за квалитетната и професионална услуга на клиентите.

Дополнително, за најдобро можно купувачко искуство, ЕмиКомпани нуди и широка палета на услуги на своите клиенти како инстант кредити, сервисирање на производите, дополнителни гаранции, разни типови на достава и најновиот брз Promo кредит во партнерство со Капитал Банка А.Д Скопје.

Мисија, визија и вредности

За да истраеме во годините што следат се трудиме да гледаме напред, да ги следиме трендовите и да ги разбереме силите кои понатаму ќе го обликуваат нашиот бизнис. Поставувајќи нови “дестинации” во бизнисот, ова се мапите кои ќе ни помогнат да стигнеме до нив.

Мисија

Да овозможиме најдобро можно купувачко искуство преку одбрана селекција на производи со докажан квалитет и услуги кои што креираат дополнителна вредност.

Визија

Да станеме највредна компанија во Македонија.

Вредности

  • Доверба
  • Одговорност
  • Личен и компаниски развој
  • Иновативност